Шокантни сцени од Сибир: "Лешови, насекаде лешови"

Точка

27/10/2020

23:17

12.802

Големина на фонт

а а а

Автентичноста на видеото ја потврдило и локалното министерство за здравство во регионот, а локалниот гувернер Сергеј Тсивилев, кој и самиот е заразен со коронавирус, наводно го отпуштил Олег Евси, шефот на локалниот оддел на министерството.

Рускиот медицински работник го открил мрачниот данок на епидемијата на коронавирусот кој го зафатил целиот свет и тоа снимајќи ги телата на десетиците жртви како лежат насекаде во мртовечница, пишува "Daily Mail". 

"Лешови, насекаде лешови, лешови", се слуша како им вели момчето на гледачите, додека го обиколува ходникот и просторијата за дезинфекција која обично се користи за пост-мортем прегледи, но сега таму очигледно се чуваат тела.

Снимката е направена во сибирскиот град Новокузнетск, на 300 милји од границата со Казахстан.

Русија пати од втор бран на епидемијата

Автентичноста на видеото ја потврдило и локалното министерство за здравство во регионот, а локалниот гувернер Сергеј Тсивилев, кој и самиот е заразен со коронавирус, наводно го отпуштил Олег Евси, шефот на локалниот оддел на министерството.

"Со оглед на порастот на бројот на случаи во текот на последните три седмици, расте и бројот на починати. Поради доцнење со отпуст на телата тука биле складирани повеќе од 50 лешови на починати”, стои во изјавата на министерството во која се додава дека многу членови на семејствата на починатите се исто така заразени па не можеле да ги преземат телата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг