Лукаревска, Реџепи и Зекири поднесоа оставки - ќе стануваат директори

Точка

27/10/2020

12:38

4.235

Големина на фонт

а а а

Тројца пратеници од мнозинството поднесоа оставка на своите функции. Станува збор за Сања Лукаревска и Мухамед Зекири од СДСМ, и Бајрам Реџепи од ДУИ.

Овие оставки, како и оставката на Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието Талат Џафери ги констатираше на почетокот на денешната седница. 

Сега ДИК треба да го извести парламентот кои се пратениците кои ќе влезат на нивните места.

Никој од нив не ја образложи својата оставка, но извесно е дека се повлекуваат поради заминување на директорско место.

Дурловски пак поднел оставка од морални причини, образложувајќи дека не може да ги оствари политичките цели преку Парламентот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг