Хабиб покажа снимка од скршеницата на ногата: И со тешка повреда беше доминантен против Гејџи

Дерби

27/10/2020

12:23

2.463

Големина на фонт

а а а

Хабиб Нурмагомедов на својот Инстаграм профил објави фотографија со која докажа дека се мачел со незгодна повреда на само 16 дена од средбата со Џастин Гејџи.

Нурмагомедов објави рентген снимка на која се гледа дека едниот од прстите на неговата нога е скршен, но и покрај тоа тој смогна сили за да излезе во октагонот за епската пресметка против Гејџи.

Кај Дагестанецот не се почувствува повредата кога пред два дена го собори Џастин Гејџи во втората рунда од УФЦ пресметката во Абу Даби.

Дека неговиот настап против Гејџи „висеше“ потврди и првиот човек на ММА, Дана Вајт кој истакна дека Нурмагомедов има повреда на ногата.

– Низ што ова момче мораше да помине, ние сме среќни што ќе се бори вечерва.Тој беше во болница затоа што ја скрши неговата нога и тоа пред само три недели, -изјави Дана Вајт пред пресметката на Хабиб со Гејџи.

По победата која го остави со перфектен скор од 29 победи и без ниту еден пораз, Нурмагомедов го шокираше ММА светот откако најави дека се повлекува од борењето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг