39-годишната тенисерка Серена Вилијамс докажала дека е во совршена форма. Објавила три фотографии во црн костим за капење и ги истакнала своите мускули.
Станува збор за новата кампања за бренд чевли, па облекла чизми на висока пета, но никој од фановите не гледал во нив, за што и јасно дале до знаење на Инстаграм.
"Заборави на чизмите. Ова тело е совршено", "Оваа жена е неверојатна", "Гориш", се некои од коментарите кои ги добила на сметка на изгледот.
Вилијамс пред три години ја родила својата ќерка. Многу брзо покажала дека се вратила во форма, а тоа е резултат на редовните тренинзи.
Освен загревањето и вежбите за истегнување, славната тенисерка вежба јога и кардио.