Нема казнети за тоа што Амди Бајрам не беше погребан по протоколот за починати од Ковид-19

Точка

26/10/2020

21:13

7.177

Големина на фонт

а а а

Со 300 лица присутни на гробното место на Амди Бајрам, бдеење во текот на ноќта по смртта и со граѓани кои пред семејната куќа доаѓале да му изразат почит на политичарот, сите протоколи за закоп на лице кое што било позитивно на коронавирусот биле прекршени.

Полицијата втор ден молчи за масовниот погреб на поранешниот пратеник Амбди Бајрам што се одржа вчера во Скопје. Од МВР се уште нема одговор зошто не реагираа за прекршувањето на здравствените протоколи кои што во услови на епидемија предвидуваат забрана на масовни церемонии и присуство на повеќе од десет луѓе на починати со КОВИД 19.


Од Клиниката „Жан Митрев“ за „Слободен печат“ тврдат дека Бајрам воопшто не бил хоспитализиран кај нив.

„Донесен беше со возило на Итна медицинска помош, неконтактибилен без знаци за пулс, срцева акција и тензија. Веднаш е започнато со реанимација по протокол. Поради неадекватен одговор на преземените мерки на кардиопулмоналната реанимација истата е прекратена и констатиран егзитус. Согласно сознанија дека пациентот учествувал во масовна прослава надвор од земјата, а со цел безбедност за нашите лекари и останатиот персонал, беше земен примерок за Ковид-19, кој веднаш се стави на обработка. Истиот се покажа како позитивен за што веднаш беа известени сите засегнати страни, посебно Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство како и семејстовто заради преземање на понатамошни мерки и почитување на сите протоколи“, појасниле од болницата.

Сепак, тие истакнуваат дека и покрај предупредувањето и известувањето што приватната болница го дала на сите надлежни, па и на семејството, протоколите не беа испочитувани.

На денешната прес-конференција, Венко Филипче го осуди ваквиот чин.

„Никој не треба да ги прекршува ниту протколите, а секој да се придржува до апелите и препораките и никој не смее да се чувствува дека е привилегиран поради било што. Со сета почит кон починатиот и целата церемонија, од токму такви прекршувања имаме проблем целиот изминат период“, изјави Филипче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг