Кандидатка за советник во Сараево починала на улица

Макфакс

26/10/2020

20:49

1.521

Големина на фонт

а а а

Во Сараево денеска ненадејно починала, Сандра Зачиновиќ, кандидат на Партијата за демократска акција (СДА) за општинскиот совет во општина Центар, информираат регионалните медиуми.

Откако завршила со телефонски разговор, таа ненадејно паднала на улица во близина на француската амбасада, а итна помош повикал нејзиниот син, кој случајно поминувал на тоа место, пренесува порталот „Кликс“.

По пристигнувањето на екипата за брза помош, имало неуспешен обид за реанимација, а на терен излегла и сараевската полиција.

Претседателот на општинскиот одбор на СДА, Јасмин Теровиќ, рекол дека Зачиновиќ синоќа била во добра здравствена состојба и дека присуствувала на редовните партиски активности.

Таа била кандидат за член на општинското собрание, а исто така била и во претседателството на Унијата на жени на СДА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг