Болеста ми застана на патот и не можев да се борам: Каније Вест проговори искрено за својата претседателска кандидатура!

Точка

26/10/2020

20:42

2.983

Големина на фонт

а а а

Раперот Каније Вест својата претседателска кандидатура ја објави во јули, кога и започна со кампањата, иако за неговиот интерес за претседателските избори се шпекулираше и претходно.

Гостувајќи во една емисија, тој сега открил што го навело да се кандидира за претседател.


„Почувствував повик. Сфатив дека тоа е она што Господ го сака од мене и дека треба да бидам лидер на слободниот свет. Иако веќе бев лидер во светот на хип хопот и мојата публика е целиот свет, ова е нешто друго и ново. Не сум тука за да ги срушам Трамп и Бајден, тук сум за да пренесам Божји пораки“, рекол Вест.

Тој својата предизвоборна кампања ја започнал непосредно пред изборите, а сега објаснил зошто е тоа така.


„Коронавирусот е виновен за сè. Таа болест ми застана на патот и морав да седам дома во карантин наместо да се борам. Се тресев, јадев супа и морав сè да оставам настрана, додека не бидам спремен за битката. Но, секогаш постоеше верба и таа ме води. Ќе ја направиме оваа земја уште посилна, а во центарот на сè ќе бидат нашите семејства, кои се темел на ова општество. Баш како што тоа би го посакал Бог“, раскажал тој неодамна. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг