Белата кујна е безвременска класика кај уредувањето на домот, а во комбинација со сивата боја ќе изгледа уште поелегантно и помодерно.
Сивата боја на кујната ќе ѝ даде софистицираност, а белата боја прозрачност и ведрина. Во зависност од стилот на уредувањето на домот, може да бирате од најсветли до најтемни нијанси на сивата боја.
За помалите кујни се препорачуваат посветли тонови на бојата, па така и посветло сива, додека пак за поголемите кујни слободно може да користите нијанси по желба, но и таму треба да внимавате, односно да додадете акцент на посилните бои.
Меките, бледо-сивите бои се одличен избор за помалите кујни, но за поголемите простори можеби подобро е да искористите некоја посилна боја за да спречите да изгледа празно или пак премногу бледо.
Ладните сиви бои добро изгледаат со не’рѓосувачкиот челик, а акцентот на повпечатливите бои, како на пример боите на малите уреди, барските столици ќе дадат поголема вибрантност на просторот и ќе го направат поинтересен.