Ова е раскошната свадба на Луиџи Берлускони под маски: Зошто Силвио не присуствувал на венчавката на својот најмлад син?

Точка

26/10/2020

19:02

5.552

Големина на фонт

а а а

Гостите кои што биле поканети на прославата ги почитувале сите мерки кои што се препорачуваат како превенција од коронавирусот.

Луиџи Берлускони (32), најмладиот син на Силвио Берлускони се венча.

Тој судбоносното „да“ ѝ го кажа на својата долгогодишна девојка Федерика Фумагали (31), а венчавката била одржана во Милано на 7-ми октомври.


Дури сега протекоа фотографиите од гламурозната венчавка, а на нив може да се воочи дека биле запазени сите мерки за заштита и превенција од коронавирусот кој што повторно „беснее“ во Италија.

Таткото на младоженецот не присуствувал на венчавката затоа што во тој момент сè уште го очекувал негативниот тест за корона.


Инаку, Луиџи и Федерика се запознале на Универзитетот во Милано уште во 2011-та година и оттогаш се во емотивна врска.

Нивната љубов поминала низ многу турбуленции, но на крајот секако дека била крунисана со брак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг