NASA објави возбудливи вести: „Денеска потврдивме дека на површината на Месечината има вода“

Точка

26/10/2020

18:17

1.399

Големина на фонт

а а а

NASA денеска во 17 часот објави ново откритие кое што е поврзано со Месечината – на нејзината површина е пронајдена вода.

„Подгответе се за возбудливо, ново откритие поврзано со Месечината“, беше пораката која што до јавноста ја упати NASA.

Американската вселенска агенција со светот ги сподели резултатите од набљудувањето на Месечината од опремениот телескоп, чие астрономско име е „Sofia“ (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy).

Од NASA порачаа дека новото откритие е во прилог на настојувањата на агенцијата за откривање на нови и досега непознати факти за Месечината, а кои што се надоврзуваат за подлабоки вселенски истражувања.

„Sofia“ е посебно преуреден „Boeing 747“ кој што лета на над 99 отсто од атмосферските облаци и чиј телескоп набљудува инфрацрвен спектар и може да забележи феномени кои што на некој друг начин не можат да се откријат.

За појавата на вода на Месечината се објавени две студии во магазинот „Nature Astronomy“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг