Урбанистички парадокс во Битола: 11 семејства не можат да си влезат дома откако соседот легално си го заградил дворот

Точка

26/10/2020

22:32

10.558

Големина на фонт

а а а

Урбанистички парадокс се случува во населбата Недопирливи во Битола – 11 домаќинства останале заглавени или со тесен пат низ кој не можат да поминат со возило, откако бил заграден дел од улицата кој со години го користеле за минување.

Соседот кој го заградил делот е сопственик на тоа земјиште и конечно одлучил да си ја оформи парцелата. За необичната ситуација не се виновни ни соседите, ниту сопственикот на земјиштето – таа е последица на урбанистичкиот хаос со непланска градба на објекти и преградување јавни површини кои подоцна законски се легализираат, притоа создавајќи тесни улички за приод кои некогаш минуваат и низ нечиј имот. Вакви примери низ Битола има многу, пренесува „Сакам да кажам“. 


„Прво подигна ѕид од еден метар, па него го прескокнувавме за да одиме од другата страна на улицата. Потоа го догради, стави огради, си ја загради парцелата. Сега не може ни преку ѕидот да се скокне. За да се мине понатаму мора да влегуваме низ вратата и дворот на еден друг сосед, но некогаш и таму е заклучено и не може ни да се оди до некои објекти и гаражи. Фиќото ми остана заробено во гаражата, не можам да го извадам. Луѓето во другиот сокак не можат ни дрва да си однесат, да влезат до куќите со возило, а не пак, не дај боже, да треба Брза помош или пожарна да дојде“, вели Зоре Чавдаровска, жителка на улица Пецо Божиновски.

Соседите велат дека просторот со децении се користел како улица бидејќи претходиот сопственик на имотот не го преградувал. Но, откако тој починал, наследниците ја дигнале оградата. Велат дека за отстапувањето на овој простор, општината своевремено му компензирала општинско место зад куќата за да ја остави улицата слободна. Од Општината нема потврда за компензацијата.

„40 години тоа беше пат, сега треба да одиме околу наоколу за да поминеме. Да ни направат поширок пат за да минуваме, да можеме потребите да си ги обавиме“, вели битолчанецот Цане Мреношки.

Прочитајте го целиот текст на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг