Јуриќ за својата бесна реакција по мечот со Јувентус: Некој ме навреди, а јас сум човек од Балканот

Дерби

26/10/2020

14:55

2.412

Големина на фонт

а а а

Верона уште еднаш го презентираше својот допадлив фудбал во Серија А, овојпат на најтешкото гостување во лигата, односно кај шампионот Јувентус.

Гостинскиот тим поведе на „Алијанц стадионот“ по точно еден час игра и го стави тимот на Андреа Пирло под сериозен притисок, но сепак не успеа да издржи до крај и прими еден гол од Кулушевски со кој беа поставени конечните 1:1. Како и да е, Иван Јуриќ жестоко го прослави ремито по последниот судиски свиреж, а ваквата негова реакција не наиде на одобрување од Пирло, а особено од неколку играчи на Јувентус.

Во тие моменти се создаде мешаница крај аут линијата, по што Јуриќ откри дека бил навреден од некој играч на Јувентус.

– Некој од играчите на Јувентус ме навреди и јас бурно реагирав, тоа е нормално за мене. Јас сум човек од Балканот и веднаш реагирам, – изјави Хрватот Јуриќ.

– Задоволен сум од мечот, но ја немавме правилната енергија во играта откако поведовме. Не направивме доволно за да го задржиме водството. Малку сум разочаран, сметам дека можевме да ги освоиме сите три бода, – додаде тренерот на Верона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг