Меланија Трамп во парче облека кое многу од жените „се плашат“ да го носат наесен – изгледа божествено

Точка

26/10/2020

15:25

5.606

Големина на фонт

а а а

Превртената кожа е чест мотив на есенските модни парчиња и модни додатоци. Станува збор за многу атрактивен материјал кој што ќе ја збогати секоја модна комбинација без оглед на тоа дали носите јакна, ремен или пак чизми со превртена кожа.

Истовремено, станува збор за многу скап, чувствителен материјал кој што лесно може да се извалка или пак да се уништи доколку го носите на снег или дожд.

Баш поради тоа многумина избегнуваат да го носат наесен, освен доколку не се сигурни дека пред нив е сув и топол ден.


На заводливоста на овој материјал не можела да одолее ниту Меланија Трамп. Првата дама на САД избрала да носи капут од превртена кожа во боја на бакар, за традиционалната забава во Белата куќа по повот Ноќта на вештерките.


Структурата на копчињата е од италијанската модна куќа „Prada“, а капутот ја истакнува витката фигура на Меланија.

Славната Словенка е голем љубител на дизајнерските потпетици, па не е чудно што за оваа комбинација избрала да носи пар чевли со нијанса боја која што ќе ѝ одговара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг