Д-р Спироски со апел до граѓаните: „Влегуваме во најопасните 10 дена, инсистирајте на заштита дури и во најблискиот круг“

Точка

26/10/2020

16:16

5.013

Големина на фонт

а а а

Како што предупредуваа голем број лекари и експерти од областа на медицината, во светот, но и кај нас настапи есенски бран на коронавирус кој донесе нагло зголемување на бројот на заразени.

Во овој период е потребна максимална одговорност и посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата, а на тоа укажува и интернистот, д-р Игор Спироски. 

Д-р Спироски вели дека влегуваме во најопасните 10 дена и апелира максимално да се ограничат контактите:

Ok dechki vleguvame vo najopasnite deset dena. 30 posto od ispitanicite se pozitivni, ako nekogash treba dobro pazenje i...

Posted by Igor Spiroski on Monday, October 26, 2020

„Влегуваме во најопасните 10 дена. 30 отсто од испитаниците се позитивни, ако некогаш треба добро пазење и заштита, тоа е сега. Ограничете ги максимално контактите и инсистирајте на заштита дури и во најблискиот круг на социјализација“, порача интернистот на својот Фејсбук профил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг