Караџовски: Тестовите за коронавирус не се тестови за бременост па да се продаваат по аптеки

Точка

26/10/2020

14:03

5.910

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски денеска одржа прес-конференција заедно со министерот за здравство, Венко Филипче.

Караџоски на денешната прес-конференција откри дека во просек околу 80% од потврдените случаи на коронавирус во земјава се асимптоматски, а од 12 до 14% се со лесна клиничка слика – покачена телесна температура и омалаксаност. Од 2 до 4% завршуваат со хоспитализација и воспаление на белите дробови, додека 1 до 4% од пациентите завршуваат на респиратор.

На прашањето дали тестовите би можеле да се продаваат во аптеките, Караџоски истакна дека тоа „не се тестови за бременост“ и постојат посебни протоколи кои мора да се почитуваат.

Министерот за здравство, Венко Филипче меѓу другото откри дека најголемиот дел од починатите како последица на коронавирусот, имале други хронични болести.

„Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некаква хронична болест, над 85% од пациентите се со коморбидитети. Исто така, голем дел од нив предоцна доаѓаат во болница“, изјави Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство меѓу другото потврдија дека утре ќе се отворат нови простории во ИЈЗ со што ќе се забрза процедурата за тестирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг