Донарума позитивен на Ковид-19

Макфакс

26/10/2020

13:46

1.072

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Милан објави дека петмина се заразени со коронавирусот. Тројца од заразените се членови на стручниот штаб, а двајца се фудбалери.

Милан не ги соопшти имињата на луѓето од стручниот штаб кои се заразени со вирусот, а познато е дека од играчите позитивни тестови имаче голманот Џиџи Донарума и Норвежанецот Јан Питер Хауге.

Сите били асимптоматични, но и покрај тоа се ставени во изолација.

Целиот тим на Милан повторно бил тестиран и сите тестови биле негативни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг