Видео: Пронајдени околу 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Макфакс

26/10/2020

12:48

962

Големина на фонт

а а а

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од околу 100 килограми. Уапсен е турски државјанин кој дрогата требало од Македонија да ја пренесе во Турција.

Според информациите на МВР, вчера околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Турција.

При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е приведен во СВР Охрид.

Од МВР соопштија дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Скопје имал средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција.

По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор. Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг