Миа Костова го победи коронавирусот, па зачекори по скопските улици: „Помина. Ве сакам“

Точка

26/10/2020

12:23

7.122

Големина на фонт

а а а

По 20-дневна изолација поради коронавирусот, македонската водителка Миа Костова конечно излезе надвор од дома.

Миа постојано беше активна на социјалните мрежи на кои редовно информираше за својата здравствена состојба, симптомите кои ги чувствува, терапијата, менталното здравје... Сега, по добиениот негативен тест, таа излезе да се прошета по скопските улици и да ужива во убавото есенско време. 

„По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава. Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам“, напиша Костова на својот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг