Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора потврди дека е покрената истрага против првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо.
Причината за тоа е што Португалецот не ги почитувал здравствените протоколи и со позитивен тест на коронавирусот пристигнал во Торино, наместо да седи изолиран во Португалија.
Спадафора неодамна беше запрашан дали Роналдо ги прекришл правилата за Ковид-19, а неговиот одговор беше јасен.
– Да, мислам дека ги прекрши, освен ако нема некоја специјална дозвола од здравствените власти, -изјави тогаш Спадафора.
Сега министерот за спорт на Италија во интервју за „Раи Тре“ потврди дека против Роналдо веќе е покрената истрага затоа што коронавирусот не познава исклучоци, па доколку се утврди дека ги прекршил правилата ќе сноси соодветна казна.
– Кристијано не го почитуваше протоколот. Има истрага од федералниот обвинител за да се докаже тоа. Вирусот не научи дека никој не е исклучок, очигледно е дека сите луѓе се обиделе да ги почитуваат протоколите колку што е можно повеќе, но единствен начин сето ова да се заврши е да се остане дома, - изјави Спадафора.