По коментарите на Емануел Макрон, Погба ја напушта репрезентацијата на Франција

Дерби

26/10/2020

10:47

2.399

Големина на фонт

а а а

Навистина изненадувачки вести пристигнуваат од Франција кои се поврзани со репрезентативната кариера на Пол Погба.

Имено, фудбалерот на Манчестер Јунајтед планира да ја напушти репрезентацијата откако претседателот на Франција, Емануел Макрон го обвинил Исламот како една од причините за интернационалниот тероризам.

Во петокот францускиот претседател со највисоки почести го одликуваше починатиот учител, Самуел Пати кој беше убиен во терористички напад откако тој претходно на своите ученици им покажувал карикатури од пророкот Мухамед.

Макрон го опишал убиството како исламски терористички напад и додал дека заедништвото е најдобар одговор за исламскиот тероризам.

Според доста релевантни медиуми од Саудиска Арабија чии информации беа пренесени и во Франција, поради ваквиот однос на Емануел Макрон, Пол Погба се решил да се повлече од националниот тим.

Секако дека отсуството на Погба би било голем хендикеп за Дидие Дешамп кој следната година ќе се обиде да го освои и Европското првенство откако пред две години стана шампион на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг