Холандската легенда Ван Бастен со коментар за Ван де Бек: Знам дека заработува многу пари, но направи погрешен избор

Дерби

26/10/2020

10:45

1.459

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Манчестер Јунајтед најмногу се израдуваа на ангажманот на младиот фудбалер од средниот ред, Дони Ван де Бек кој во клубот пристигна за сума од околу 40 милиони фунти.

И кога многумина помислија дека Ван де Бек ќе игра клучна улога во тимот уште од стартот на сезоната, тоа не се случи. Играчот од средниот ред се уште нема започнато натпревар во Премиер лигата, а најчесто влегува од клупата за резервни фудбалери и тоа кон крајот на натпреварите.

На последниот натпревар против Челси тој воопшто не доби шанса, па токму затоа со свој коментар се јавија и многу фудбалски работници.

Прво со изјава излезе Патрис Евра кој истакна дека Ван де Бек не му е потребен на Манчестер Јунајтед, а сега коментар во јавноста даде и легендарниот поранешен холандски фудбалер, Марко Ван Бастен.

Тој смета дека Дони направил погрешен избор кога се решил да потпише за Манчестер Јунајтед и посочи дека требало да почека уште некое време пред да си замине од Ајакс.

– Дони не требаше да оди во Манчестер Јунајтед. Кога сте добар играч сакате да играте секоја недела. Навистина е лошо за играч како Дони да игра само шест или седум натпревари оваа година. Тоа е шокантно за неговиот меч ритам.

– Знам дека заработува многу повеќе отколку што е навикнат, но за топ фудбалер каков што сакаш да бидеш треба прво да ги разгледаш шансите за играње во тимот пред да потпишеш за него. Дони требаше да почека за подобри проекти и да потпише за друг клуб, -изјави Ван Бастен.

Дони Ван де Бек во моментов заработува 108.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, а додека беше член на Ајакс заработуваше само 30.000 фунти неделна плата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг