Неверојатни сцени од Камчатка: Вулкан на исток од Русија исфрлил 5 километри пепел

Точка

24/10/2020

22:45

2.314

Големина на фонт

а а а

Вулканот Каримски на рускиот полуостров Камчатка исфрлил пепел од пет километри.

Активноста на вулканот се зголемува во текот на последните неколку денови, а карактеризирана е со експлозивни ерупции.

Висината на чадот се проширила и до 40 километри југоисточно од вулканот.

Експертите исто така предупредиле на можност за опасност за нисколетечките авиони.

Вулканот Каримски се наоѓа на 125 километри од Петропавловск Камчатски. Висок е 1.486 метри и е стар околу 5.300 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг