Колапс на Honda NSX: Продадени се точно 0 автомобили

Точка

24/10/2020

16:10

3.272

Големина на фонт

а а а

Иако станува збор за фантастичен автомобил, во Австралија е регистрирана екстремно лоша продажба на моделот NSX.

Honda одлучи да го повлече својот модел NSX од Австралија. Моментално во оваа земја никој не работи на продажбата на новиот модел на Honda NSX, па логично беше да се повлече ваков потег.

Верувале или не, но ниту еден примерок на NSX не е продаден во Австралија во текот на 2020-та година. Една година претходно биле продадени само три модели, а во 2018-та година само два, како и во 2017-та и 2016-та година.


Само девет Honda NSX автомобили се продадени за четири години, што е екстремно лош резултат. Цената на еден ваков автомобил изнесува 420 илјади австралиски долари, односно околу 250 илјади евра.

Honda NSX под хаубата има 3,5-литарски V6 мотор комбиниран со два електромотори, а силата се пренесува преку деветстепенски менувач со две квачила. Со тоа, овој автомобил развива 573 коњски сили и 644 Nm максимален обртен момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг