Руска докторка советува: „Овие 3 намирници помагаат во лечењето Ковид-19“

Точка

23/10/2020

12:30

14.707

Големина на фонт

а а а

Познатата руска докторка и ТВ водителка, Елена Малишева, на својот Инстаграм профил навела три „супернамирници“ кои што помагаат да се избегнат компликации кај инфекцијата коронавирус.

„Ковид-19 може да предизвика многу сериозни проблеми кај луѓето на кои што им недостасува витамин Д, цинк и селен“, изјавила д-р Малишева.

Меѓу храната која што е особено богата со овие супстанци, Малишева ги истакнува следните:

- џигер од бакалар, докторката овој производ го нарекла најдобар извор на витамин Д; 
- сирови остриги, цинкот кој што тие го содржат е во состојба да го блокира размножувањето на коронавирусот; 
- бразилски орев, докторката го смета за многу корисен затоа што ги зајакнува природните „убијци“ на вирусот како клетките, а исто така го намалува ризикот од настанување на крвни грутки во крвните садови.  

Во поднебјата каде што овие намирници не се лесно достапни, докторката советува да консумирате друга храна која во себе го има витаминот Д, како и цинкот и селенот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг