УЕФА го предупреди Карабах поради воен поздрав: 13 фудбалери и 14 службеници на клубот на удар

Точка

22/10/2020

20:27

2.456

Големина на фонт

а а а

Меѓу нив се и фудбалери од Колумбија и од Зеленортските острови.

"Воениот поздрав го сметаме за неприкладен со оглед на специфичниот политички контекст во тоа време", се наведува во соопштението на УЕФА. 

УЕФА означила 13 фудбалери и 14 службеници на клубот за недозволениот гест во Полска, каде Карабах играл против Легија Варшава во квалификациите за Лига Европа.

Меѓу нив се и фудбалери од Колумбија и од Зеленортските острови.

Инцидентот се случил на 1-ви октомври, неколку дена по ескалацијата на судирите меѓу Азербејџан и Ерменија поради спорната територија Нагорно-Карабах.

Карабах ја победи Легија со 3-0 и минал во групната фаза, каде вечерва и гостува на екипата Макаби Тел Авив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг