Трансформацијата на оваа жена е неверојатна: Пејачката била скришум фотографирана, ништо на неа повеќе не е исто

Точка

22/10/2020

19:22

5.192

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Адел била скришум фотографирана додека го учела сценариото за емисијата „Saturday Night Live“, откако прифатила да се појави во улога на водителка.

Имено, добитничката на 15 престижни „Греми“ награди го учела своето сценарио на Менхетен, па рекла: 

„По ѓаволите, премногу сум возбудена поради ова. Исто така сум и многу исплашена, за првпат ќе бидам домаќин на некоја емисија“.


„Отсекогаш сум сакала да се испробам во тоа, но никогаш не беше вистинско време. Ако некогаш постоело вистинско време да се „скокне“ во непознатото и да се надеваме на најдоброто, тоа е 2020 година, зарем не?“, додала Адел.

Поминаа речиси 12 години откако Адел за првпат се појави во „Saturday Night Live“ и стана позната во Америка, а сега повторно се враќа на истата сцена, само во друга улога.


„Таа емисија ја отпочна мојата кариера во Америка, така што имам чувство дека направив цел круг и едноставно не можев да кажам не“, рекла пејачката.

Адел во таа прилика носела тексас јакна и тексас фармерки, додека на лицето имала заштитна маса, а косата ѝ била врзана во репче.

View this post on Instagram

Adele is here!

A post shared by Saturday Night Live (@nbcsnl) on

На нозете носела кафеави каубојски чизми, а иако лицето и телото не ѝ се гледале најјасно, промената на нејзиниот физички изглед е фасцинантна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг