Бенкси доцртал количка од супермаркет на познатата слика на Моне, па ја продал за речиси 10 милиони долари

Точка

22/10/2020

17:44

3.322

Големина на фонт

а а а

Работата на Бенкси на позната слика од времето на импресионизмот е продадена на аукција за 7,6 милиони фунти (9,8 милиони долари), што е втора највисока цена за дело на британскиот уличен уметник.

Делото „Покажи ми го Моне“ било продадено на анонимен купувач во аукциската куќа „Sotheby’s“ во Лондон во средата вечерта, надминувајќи ја проценетата вредност која изнесувала околу 5 милиони фунти. 

На сликата настаната во 2005 година, Бенкси додал напуштена количка од супермаркет и портокалов сообраќаен знак во облик на конус на сликата на Моне од лилјани во неговата градина во Живерни, Франција.


Алекс Бранчик, шеф на современа уметност во аукциската куќа, изјавил дека ова дело е „едно од најдобрите кои Бенкси некогаш ги има направено“.

Името на Бенкси никогаш не е официјално потврдено, а тој ја започнал својата кариера шарајќи ги зградите во Бристол, за подоцна да стане еден од најпознатите современи уметници.

Најпознатата слика на Бенкси наречена „Делегиран парламент“ беше продадена минатата година на аукција за 9,8 милиони фунти (12,2 милиони долари). Овој месец, неговиот графит наречен „Простете нѝ за упадот на имотот“ беше продаден за 8,3 милиони долари во Хонг Конг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг