Угинал најстариот црн носорог на светот: Калигуни зад себе оставила две ќерки и двегодишни внуки

Точка

22/10/2020

17:21

2.358

Големина на фонт

а а а

Калигуни, чиј заштитен знак е нагласениот рог, пристигнала во германската зоолошка градина на 19-ти октомври 1975-та година, пред 45 години.

Женката беше најстариот црн носорог на светот угинала на 46 години во Берлинската зоолошка градина, објавила таа установа на својата интернет страна, збогувајќи се од "старата дама", јавува "Hina". 

Зад себе оставила две ќерки, женка црн носорог со име Мабури, и женка индиски носорог со име Бети, како и две годишните внуки Маиша и Карла.

Калигуни во текот на својот живот донела пет младенчиња, на тој начин придонесувајќи за зачувување на загрозените видови, соопштиле од зоолошката градина.

Mach’s gut, alte Dame! Wir mussten heute Abschied von Nashorndame Kilaguni (46) nehmen. Das weltweit älteste...

Posted by Zoo Berlin on Wednesday, 21 October 2020

Бидејќи последните години се повеќе ја мачеле здравствени проблеми, на крајот повеќе не можела ни сама да стане, па зоолошката градина по неколку детални консултации одлучила да ја успие.

"Одговорното чување на животни исто така вклучува и поштеда од непотребно патење, без разлика колку е тешка таа одлука. Со свои 46 години дојде до златните години. Беше најстариот црн носорог на светот", рекол еден вработен од зоолошката градина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг