Формула 1 возач го тестираше моќниот McLaren Elva

Точка

22/10/2020

16:17

2.604

Големина на фонт

а а а

McLaren Elva е првиот сериски модел во историјата на британската компанија кој нема покрив и прозорци, а може да се вози по јавните сообраќајници.

Elva е навистина моќен модел на McLaren, а неодамна беше тестиран од Ландо Норис кој во Формула 1 шампионатот вози токму за тимот на McLaren.

Овој автомобил како погон го користи 4.0-литарскиот V8 мотор кој произведува 815 коњски сили и располага со максимален обртен момент од 800 Nm.

Моторот доаѓа во комбинација со 7-степенски автоматски менувач со двојно квачило, а McLaren тврди дека автомобилот може да забрза од 0 до 100 километри на час за помалку од три секунди. До 200 километри на час забрзува за 6,7 секунди, што го прави постартен од McLaren Senna.

Ландо Норис беше воодушевен од тоа што Elva може да го направи на тркачката патека, а беше тестиран на „Силверстоун“ во Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг