Градот на ангелите, мирот, гревовите, светлината, кулите... Знаете ли кои светски метрополи ги носат овие прекари?

Точка

22/10/2020

15:49

4.759

Големина на фонт

а а а

Знаете ли да препознате кои светски градови се кријат зад фразите „град на ангелите“, „град на мирот“, „град на гревот“?

Градот на кулите

Овој застарен прекар го добила чешката престолнина Прага во 19-ти век кога еден научник во панорамата нa градот изброил дури сто кули. Денес тој број надмина 500, но прекарот си остана.


Град на светлината

Можеби, логично би можеле да заклучите за кој град станува збор. Во 17-ти век францускиот крал Луј XIV му наредил на началникот на полицијата на Париз да го зголеми осветлувањето на градот за борбата против криминалот и крадците да биде поуспешна. Но, постои и друга причина поради која Париз ја има таа титула која што е повеќе симболична - просветителството.


Вечниот град

Жителите на античкиот град Рим верувале дека останатите ќе растат и пропаѓаат, но баш тие дека ќе траат засекогаш. Своите прогнози ги темелеле на успешните војни кои што Римското Царство ги добивало против непријателот.


Градот кој никогаш не спие

Иако постојат повеќе гради на несониците, со ресторани, клубови, кафулиња, врева од ноќниот живот и свирежи од таксистите, некако најмногу тоа асоцира на Њујорк. Во тоа помогнала и песната на Френк Синатра во која што го опишува како „град кој никогаш не спие“.


Престолнина на мирот

Се верува дека овој град, особено низ модерната историја, бил протагонист на мирот, таму се родиле Лигата на народите и Црвениот крст, а денеска многубројни агенции и непрофитни организации има токму таму - станува збор за Женева.


Градот на ангелите

Титулата ја носи Лос Анџелес, градот на ангелите, а до необичното име дошло преку кратењето на оригиналното име на градот Gospe, кое што по потекло е од истоимената река.


Градот на гревот

Само во Америка: градот на ангелите и градот на гревот, меѓусебно се оддалечени само неколку часа возење. Станува збор за Лас Вегас - асоцијација на коцкање, алкохол и проституција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг