Шведската агенција за здравство: Втор бран не доаѓа

Точка

22/10/2020

14:18

3.461

Големина на фонт

а а а

Постарите Швеѓани можат да ја прекинат изолацијата, објавила владата укажувајќи на пониската стапка на зараза со коронавирус отколку на пролет и се поголемата потреба да се земе во предвид менталната состојба на постарите.

Многу земји ширум Европа повторно воведуваат ограничувања за да го спречат растот на заразата, но шведската здравствена агенција тврди дека нема показатели за втор бран на коронавирусот во Шведска. 

Шведска заземала поинаков пристап од повеќето европски земји во борбата против пандемијата. Се потпрела на промовирање на физичка дистанца, но ги изолирала домовите за постари лица поради високиот степен на смртност меѓу нив.

Бројот на нови случаи во нордиските земји континуирано расте минатите недели, но е на пониско ниво во однос на бројот на жители отколку во другите европски земји во кои секојдневно се поставуваат нови рекорди.

Во Шведска има вкупно околу 107.000 заразени и 5.900 починати.

Исти препораки застарите и ризичните групи како и за сите останати

"Агенцијата за јавно здравство одлучила дека постарите и оние во посебно ризичните групи ќе бидат под истите препораки како и остатокот од населението", рекла министерката за здравство Лана Халенгрен.

Бројот на смртни случаи во Шведска е двојно поголем отколку кај нејзините нордиски соседи, но е понизок од земјите кои вовеле построги мерки, како Шпанија и Италија.

Досега на постарите од 70 години биле советувани да избегнуваат физички контакт и јавен превоз и да се држат подалеку од продавници и други јавни простории. Властите велат дека тие мерки го намалиле нивото на зараза, но негативно влијаеле на менталното здравје на многу постари лица.

Агенцијата вели дека со пониската стапка на зараза, поголемото знаење за болеста и помалку оптоварен здравствен состав, постарите би требало да ги следат препораките кои се однесуваат на сите Швеѓани.

Тоа вклучува избегнување на големи собири, останување дома при појава на први знаци на болеста и одржување на физичка дистанца.

Халенгрен предупредила дека тоа не значи враќање во нормала.

"Секојдневниот живот не може да биде како пред пандемијата", рекла министерката за здравство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг