Легендарниот музичар Пол Мекартни на 11-ти декември ќе го објави албумот „McCartney III“, со новата колекција песни кои што ги напишал, отсвирил и продуцирал по половина век од својот самостоен албум.
Албумот е снимен во Сасекс на југот од Англија, а како и другите два албуми со слични имиња, “McCartney” од 1970-та и “McCartney I” од 1980-та година, 78-годишниот музичар го направил сам, пренесува магазинот „Ролингстоун“.
„Живеев во „lockdown“, на својата фарма со семејството и секој ден одев во студио. Морав да работам и на филмска музика, а тоа се претвори во прва песна. Кога ја завршив, се прашав што понатаму?““, изјавил Мекартни.
Тогаш, тој вели дека се вратил на полузавршената секвенца која што ја создавал со текот на годините.
„Секој ден започнував со снимање на инструментите на кои што пишував песни и постепено работев на новите слоеви, беше многу забавно. Тоа беше создавање музика за себе, а не за некаква цел. Работев работи кои што ги сакав и не знаев дека тоа ќе заврши како цел албум“, вели Мекартни.
Пол Мекартни претходниот албум „Egypt Station“ излезе во 2018-та година, а последната турнеја ја имаше минатата година.