Утре во 18 часот оваа држава воведува целосна блокада: На туристите им е наредено да ја напуштат земјата...

Точка

22/10/2020

11:25

7.087

Големина на фонт

а а а

Бројот на новозаразени од Ковид-19 во Европа непрекинато расте, па поради тоа некои од државите одлучила да ги замолат туристите да се вратат во своите домови.

Бројките во некои земји се многу поголеми од првиот бран на коронавирусот, па многу од земјите одлучија да спроведат поригорозни мерки.

Словенија воведе вонредна состојба и полициски час кој што е воведен и во делови на Франција, Ирска, Холандија.

Слична ситуација е и во Велс кој што во петок цели 17 денови ќе биде по посебен режим на карантин. Станува збор за целосна блокада која што значи затворање на угостителските објекти и малопродажните ланци.


Сите хотели и останати сместувања исто така ќе бидат присилени да затворат во 18 часот во петок, а странските туристи ќе бидат замолени да се вратат дома. Ниту едно не толку важно патување, вклучувајќи ги и празниците, нема да биде дозволено до 9-ти ноември.

Велшката Влада најавила дека заклучувањето би значело дека многу од претприемачите ќе затворат, а поголемиот дел од луѓето ќе останат дома и ќе работат од дома, колку и да е можно тоа.

„Краток, остар шок“

Министерот на Велс, Марк Дрејкфорд, изјавил дека воведувањето на карантинот е „краток, остар шок“ за сите, но дека нешто мора да се направи.

„Мора да бидеме во целосна блокада. Сите во Велс мора да останат дома. Знам дека ова ќе им биде тешко на луѓето, но тоа е единствениот начин на кој што може да се запре порастот на новозаразени“, вели Дрејкфорд.


Тој исто така најавил дека фондот за економска отпорност од 300 милиони фунти кој што ќе им помогне на претприемачите да го надминат овој „lockdown“. Малите и средните претпримачи во малопродажбата ќе добијат еднократна уплата до 5.000 фунти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг