Нејзината роденденска фотографија станала вирална: „Еднаш кога ќе го видиш, не можеш да го заборавиш...“

Точка

22/10/2020

09:15

5.691

Големина на фонт

а а а

22-годишната Кони Вајт не претпоставувала какво урнебесно нешто се крие на нејзината фотографија.

Објавата на оваа девојка станала вирална откако таа пропуштила да го забележи несреќниот одраз во огледалото зад себе.

Кони Вајт од Шкотска позирала на фотографијата во црвен фустан, стоејќи пред огледалото во својот стан.

Таа не претпоставувала дека има нешто чудно на фотографијата сè додека корисниците на социјалните мрежи не почнале да пишуваат коментари.

Откако ги прифатила коментарите од корисниците на социјалните мрежи, Кони фотографијата ја споделила и на социјалната мрежа Твитер, со опис: „Не можам да верувам дека ова го објавив на социјална мрежа, а некој коментираше дека имам огромен машки полов орган меѓу моите нозе“.

Објавата добила многубројни лајкови и ретвитови, ширејќи хистерија, но потоа Кони објаснила дека одразот во огледалото е задниот дел од нејзината нога.




Спонзорирани линкови

Маркетинг