Љубљана е град на духови, на улиците има само полиција: Ова последен пат се случило пред 77 години

Точка

21/10/2020

14:25

5.540

Големина на фонт

а а а

Во Словенија синоќа на сила стапи полициски час, поточно забрана за излегување во периодот од 21:00 до 6:00 часот наутро. Вакво ограничување движењето на граѓаните е забележано за првпат во историјата на независна Словенија.

А, зошто на сила се такви ригорозни мерки покажува утринскиот податок – во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1,503 новозаразени со коронавирус.

„Можам да кажам дека улиците во Љубљана изгледаа како град на духови, никаде немаше никого, па дури ниту оние кои ги шетаат своите миленици. Во Марибор имаше 100-тина луѓе кои протестираа, но дојде полиција па се разотидоа. Имаше и здравствен инспектор кој им напиша казни. Во Љубљана имаше многу полициски патроли. Последен пат полициски час имавме во 1943-та година“, изјави словенечката новинарка Јелена Ашчиќ за „ХРТ“.


Во меѓувреме, бројот на активни случаи во Словенија се искачи на 8860. 14-дневната инциденција на 100 илјади жители со ова порасна на 423. Во болниците ширум земјата се лекуваат 333 лица, од кои 55 се на интензивна нега. Починаа осум лица.


Поради новите мерки воведени во Словенија, за во петок е најавен протест пред Парламентот – демонстрантите тврдат дека полицијата минатиот петок користела прекумерна сила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг