Историска операција во вселената – во тек е откривање на мистеријата за потеклото на животот на Земјата, сондата на NASA слета на „Бен“

Точка

21/10/2020

14:15

1.806

Големина на фонт

а а а

Вселенското летало на NASA ја допрело површилата на астероидот Бен и собрало примерок од карпата која што потекнува од почетокот на нашиот Сончев систем.

Астероидот Бен, како што наведува „Ројтерс“ би можел да даде одговори за почетокот на животот на Земјата.

Механичката рака на сондата „Озорис Рекс“, долга 3.35 метри, собрала примероци во близина на северниот пол на астероидот.

Операцијата во траење од 16 секунди барала голема прецизност, а успешно била направена на оддалеченост од дури 330 милиони километри од Земјата.

„Сè помина совршено. Вечерва испишавме историја“ - изјавил неколку минути по контактот со шефот на мисијата Данте Лорета.

Сондата во текот на деновите ќе испрати и фотографии од колекцијата примероци за научниците да утврдат колку материјал е собран и дали е потребно да се направи некаков обид за собирање други податоци.

Доколку се утврди дека мисијата била успешна, сондата ќе тргне назад кон Земјата, а нејзиното доаѓање се очекува во 2023-та година.

Сондата долга шест метри, кружела околу астероидот Бен кој што се наоѓа на повеќе од 100 милиони километри од Земјата, од крајот на 2018-та година за да се подготви за оваа многу сложена операција.

Инаку, во текот на мисијата NASA открила дека астероидот Бен на себе има и вода и траги од органски материјал и би можел да „сее“ живот по вселената.

Научниците исто така сметаат дека примероците од Бен можеби носат материјали кои што досега не биле забележани на ниту еден друг метеор и дека органскиот материјал на него би можел да укажува на примитивната биологија во универзумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг