Миа Костова во кавга на социјалните мрежи со д-р Ненад Лазаров: „Самопрогласен како врвен во струката, а подалеку од диши диши нема видено“

Точка

21/10/2020

12:27

14.716

Големина на фонт

а а а

Д-р Ненад Лазаров во изминатите неколку месеци постојано е активен на социјалните мрежи на кои споделува совети и укажува на потребата од почитување на мерките против коронавирусот.

Пред неколку дена, Лазаров објави статус во кој индиректно ја прозва ТВ водителката Миа Костова со зборовите „И инфлуенсерката поздравете ја шо и кревав паника“ која на 8 октомври објави дека е позитивна на коронавирусот

Кластер After.

Сега кркајте го стресот кој све се заразил,

и со помин да ви е!

И инфлуенсерката поздравете ја шо и кревав паника.

Posted by Nenad Lazarov on Thursday, October 15, 2020

Водителката не одолеа, а да не возврати на ударот со поопширен статус:

“Господин доктор, матичен, кој пробува да не убеди дека нобелова награда во достигнувања за ковид-19 ќе лапне кај и да е. Поздравете го, да не ја отворам устата за психичката состојба на истиот кој глуми морал па и покрај прележан ковид тврдам дека крева паника која е тотално непотребна во моменти кога и онака народот е полуден на таа тема. Докторче, еготрип, самобендисан и самопрогласен како врвен во струката а подалеку од диши диши нема видено. Најголемо достигнување во кризава му беа визирите. Ќе го замолам да не си претпоставува од кај сум се заразила за да не лапа пријава и од мене иако не сум му колешка ама за медицина горе доле исто знаеме. Срам за фелата”, напиша Миа.

Господин доктор, матичен, кој пробува да не убеди дека нобелова награда во достигнувања за ковид-19 ќе лапне кај и да...

На нејзината објава, Лазаров возврати со уште еден статус од него, веројатно и последен во оваа кавга бидејќи додаде дека „со уличарки нема да се објаснува ни збор повеќе“:

Специјализација по гинекологија почнав во 2014 година, приватна, една година од кога завршив турнуси не полагам...



Спонзорирани линкови

Маркетинг