Исповед на Ерменка која оди на првата линија на фронтот: Меѓу доброволците и девојки од 17 години, како и жени со бебиња

Точка

20/10/2020

17:15

3.596

Големина на фонт

а а а

Голем број на жени во Ерменија се пријавиле за женскиот баталјон кој ќе биде пратен во Нагорно-Карабах.

Девојка со кратка коса и црно ранче преку рамениците, весела и самоуверена, излегува од зградата на Јавниот совет при Министерството за одбрана на Ерменија, каде веќе два дена се регистрираат девојки доброволци за подготовка на женски баталјон. 

"Примена сум! Одам на фронт!", вели таа среќна.

Моли да не и се споменува името, бидејќи од дома никој не знае дека се пријавила во доброволците да оди во војна. Таа има само 20 години.

"Зошто сакам да одам? Како да не сакам: Сите сакаат да ја бранат татковината, па сакам и јас. Неколку дена барав можност да одам на првата линија на фронтот. Воениот отсек не ме прими, ме избркаа, па почнав да се распрашувам за други можности. На социјалните мрежи наидов на објава за формирање на женски баталјон и дојдов. Пресреќна сум", вели девојката.

Формиран бил долг ред во кој имало девојки и жени од различни старосни групи.

Некои дошле со пријателките, некои сами, некои дошле во спортска облека со патики, други не заборавиле да се нашминкаат и да ја направат фризурата.

Повеќето девојки молеле да не бидат фотографирани и да не им се наведуваат имињата, бидејќи дошле тајно да се пријават за на фронт. Женскиот баталјон го организира потполковникот на полицијата Марина Ајрумјан.

Вели дека до идејата за баталјон дошла одненадеж, кога и самата одлучила да тргне на фронтот со своите колеги од специјалната полиција, но не ја примиле.

"Тогаш одлучив да направам женски баталјон, се искоординирав со началникот Гриш Саркисјан и Министерството за одбрана. Веќе втор ден запишуваме девојки и жени од 18 до 55 години. Ќе ни биде обезбеден полигон во Ереван, ќе завршиме со обука за неколку дена, а после тоа одиме во Арцах", рекла Ајрумјан.

Снимателската екипа на "Sputnik" договорила да ја сними и воената обука на женскиот баталјон.

Обуката ќе биде прилично интересна, бидејќи меѓу веќе пријавените 150 девојки веќе има и такви кои знаат да пукаат, но има и многу неподготвени.

Ангине Исанјанс има 35 години, родена е и пораснала во Иран, со семејството се пресила во Ерменија кога имала 17 години. Таа има малку искуство, бидејќи неколку години, бидејќи неколку години била меѓу извидниците.

Знае да пука и е во одлична физичка форма.




Спонзорирани линкови

Маркетинг