Подготвен сум и сам да одам во затвор: Дутерте прифаќа одговорност за илјадниците полициски убиства

Точка

20/10/2020

16:45

1.852

Големина на фонт

а а а

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте рекол дека прифаќа одговорност за илјадниците убиства извршени во текот на полициските операции за сузбивање на дрога, наведувајќи дека е подготвен дури и да оди во затвор.

Полицијата пријава речиси 6.000 убиства на луѓе осомничени за поврзаност со друга откако тој стапил на должност кон средината на 2016-та година, но организациите за човекови права се сомневаат дека тој број е многу повисок, пренесува "AP". 

"Можете да ме сметате за одговорен за се, за секоја смрт што се случи во борбата против дрогата", рекол Дутерте.

Тој навел дека "ако и служи на својата земја со одење во затвор, тоа ќе го направи со задоволство".

Рекол, меѓутоа, дека не треба тој да биде обвинет за убиствата поврзани со друга кои не се случиле во текот на полициските операции, наведувајќи дека можеби ги извршиле банди.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд истражува најмалку две жали за злосторства против човештвото и масовни убиства во врска со кампањата на Дутерте, кои ќе утврдат дали постојат доволно докази за отворање на целосна истрага.

"Кога ќе ја спасите својата земја од уништувањето од дрогата, вршите света должност", рекол филипинскиот претседател.




Спонзорирани линкови

Маркетинг