Парите кои ги краде од компаниите, анонимна хакерска група ги донира во добротворни организации и доказите за тоа ги објавува на "Dark Web".
Хакерите кои себеси се нарекуваат "Dark Side", тврдат дека од компанијата изнудиле милиони долари, но дека со тие пари сакаат светот да го направат подобро место за живот.
Тие тврдат дека целта на нивните напади се само големи и профитабилни компании и нивните IT системи кои ги "држат како заложници додека не платат откуп".
Во својата објава на "Dark Web" оваа банда приложила биткоин сметки на кои донирала пари за две добротворни организации - "The water project" и "Children International", пренесува "BBC".
Сепак, организацијата "Children International" соопштила дека не ги сака уплатените пари и дека нема да ги задржи.
Експертот за безбедност на интернет, Брет Калу, смета дека донациите или им помагаат на криминалците да се носат со чувството на вина, или тоа е потег на еден егоистичен карактер кој сака да се претстави како Робин Худ на денешницата.