Инциденти во Софија, демонстранти со јајца, домати и авиони-играчки го „нападнаа“ Министерството за одбрана

Точка

20/10/2020

14:36

1.919

Големина на фонт

а а а

Демонстрантите во Бугарија синоќа го гаѓаа Министерството за одбрана со јајца и домати, како и со авиони-играчки поради намерата на властите да купат флота на „Ф-16“ борбени авиони од САД.

Причината за огорченоста на демонстрантите беше реакцијата на министерот за одбрана Красимир Каракачанов во неделата, кога за време на положувањето на цвеќе на паднатите херои-падобранци во Софија, еден од незадоволните граѓани повика на негова оставка, велејќи му дека „народот не го сака“.

Зарем ти си народот?“, му одговори Каракачанов и го навлече бесот на тамошната опозиција.

„Да, министре, секој од нас го претставува народот. Без разлика дали е еден или се седум милиони. Секој од нас е народот, затоа сега ќе ти подготвиме омлет“, порача адвокатот Николај Хаџигенов кај зградата на Министерството за одбрана.

Протестите на граѓаните кои бараат оставка на Владата и главниот обвинител во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а оттогаш премиерот Борисов промени дури четворица клучни министри – финансии, економија, правда и туризам.

Да потсетиме, минатото лето Бугарија од САД купи осум ловци „Ф-16“ во вредност од речиси 1,26 милијарди долари. Каракачанов неодамна изјави дека неговата земја е заинтересирана за набавка на уште осум вакви авиони, со што го навлече гневот на народот кој е тешко погоден од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг