Два фактори се клучни: Во колкава опасност сте доколку седите наспроти заразено лице со коронавирус?

Точка

20/10/2020

14:14

4.084

Големина на фонт

а а а

Неодамнешните истражувања на научниците покажуваат дека коронавирусот може да остане во воздухот дури и до неколку часа и може да зарази лица иако се на растојание поголемо од 2 метри.

Истражувачите од универзитетот Кобе и гигантот Рикет во Јапонија, користејќи го суперкомпјутeрот Фугаку направиле симулација која покажува како распоредот на седење на иста маса во ресторан може во голема мера да влијае на ширење на коронавирусот.

Симулацијата ја покажува емисијата и движењето на аеросолите кога 4 лица седат на иста маса и разговараат без заштитни маски, а се претпоставува дека местото на кое некој седи во голема мера влијае на ширење на Ковид-19.


Кога заразеното лице зборува со луѓето наспроти него без маска, личноста која седи директно свртена кон него вдишува 4 пати повеќе аеросоли отколку онаа која се наоѓа дијагонално.

Лицето кое седи покрај заразениот субјект е во најголем ризик да се инфицира. Кога личноста заразена со коронавирус ќе се сврти настрана за да зборува со лицето покрај неа, тоа вдишува 5 пати повеќе аеросоли од оној кој седи директно преку него, пренесува „Forbes“.

Истражувањето исто така имплицира дека ризикот од зараза значајно се намалува кога луѓето кои седат на иста маса носат маски во текот на разговорот односно ги враќаат кога ќе завршат со јадењето.

„Кога луѓето кои имаат Ковид-19 кашлаат, киваат, пеат, зборуваат или дишат, произведуваат „респираторни капки“. Тие можат да бидат големи и мали, а капките со помал обем можат да формираат честички кога брзо ќе се исушат“, стои во објаснувањето на Центарот за контрола и превенција на болести.

Друга битна ставка која ја открива јапонското истражување е дека влажноста на воздухот може во голема мера да влијае на ширењето на вирусот по пат на аеросоли. Научниците го користеле суперкомпјутерот Фугаку за да симулираат емисија и проток на честички слични на вирусот, ослободени од заразени лица во различни средини во затворен простор. Резултатите покажале дека влажноста на воздухот под 30 отсто ја удвоила количината на аеросоли во однос на влажноста на воздухот од 60 отсто или повеќе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг