Луѓето овие филмови не можеле да ги гледаат докрај: „Излегов од киното по 30 минути“

Точка

20/10/2020

14:26

6.282

Големина на фонт

а а а

Корисничка на „Reddit“ со име Ramaal2000 поставила прашање: „Кој филм сте почнале да го гледате, а потоа сте заклучиле дека не можете да го гледате докрај?“.

Не требало да помине многу време за да ги добие одговорите, а ова се филмовите кои што најчесто биле спомнувани:

1. „Gigli“, 2003-та година

„Мислев само дека ќе биде комично лош, но се вопостави дека е карта во светот на филмовите. Го погледав 35 минути пред да сфатам дека размислувам за многу работи, но не и за филмот, па се откажав“, напишала некоја корисничка.

2. „Cats“, 2019-та година

„Го погледав само 30 минути и излегов од киното. Човечките лица на мачките ме преплашија“, изјавила друга корисничка.

3. „Going Overboard“, 1989-та година

„Беше тоа првиот филм со Адам Сендлер, а најчудното е тоа што овој филм не стави крај на неговата кариера“, тврди некој друг корисник.

4. „Scary Movie 5“, 2013-та година

„Пред неколку години сакав такви пародии. Сè додека не го погледнав ова. Не можев ниту да го гледам кога се појави во кината, па почекав и го гледав неколку години подоцна. Гледајќи го сфатив дека не е воопшто смешен затоа што се однесуваше на хорори кои што беа актуелни во тоа време, а повеќе не се важни. Го изгледав до пола“, вели друг корисник.

5. „Inside“, 2007-та година

„Тоа е француски филм за жена која што сака да украде фетус од бремена вдовица. Гледав одвратни филмови, но овој е најлош од сите досега. Речиси до крај го гледав, но сепак го прекинав“, признал друг корисник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг