Црни предвидувања на германските виролози за зимскиот период: Можно е неконтролирано ширење на вирусот

Точка

20/10/2020

14:01

3.117

Големина на фонт

а а а

Друштвото за вирологија на Германија предупреди денес на страшните последици од неконтролираното ширење на коронавирусот во текот на предстојната зима во оваа земја.

Тие повикаа на научно основано делување против пандемијата на коронавирусот.

„Поради експлозивната динамика на инфекцијата која ја воочуваме ширум Европа, постои стравување дека од некоја одредена точка ќе дојде до губење на контролата над заразата“, предупредуваат германските виролози.

Тие се жестоко против стратегијата за колективен имунитет на населението, затоа што, како што предупредуваат, тоа би довело до преоптоварување на здравствениот систем.


Во Германија, виролозите тврдат дека во еден таков случај, здравствениот систем би бил преоптоварен поради недостатокот на медицински лица на интензивна нега, дури кога бројките би биле нешто помали од 20 илјади на новозаразени дневно.

Виролозите истакнуваат дека неконтролираното ширење на коронавирусот би довело до ескалација на бројот на смртни случаи, затоа што и покрај строгата изолација на пензионерите, и натаму постојат ризични групи.

Исто така, виролозите истакнаа дека сè уште не е докажано колку долго трае имунитетот стекнат после инфекцијата и додаваат дека се појасно е дека кај асимптоматските случаеви, како што е случај кај младите лица, не постои стабилен имунитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг