Премиерот Заев: Сè додека постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик!

Точка

20/10/2020

11:43

1.850

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денес во своето поздравно обраќање на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извори на научни истражувања (дома и надвор)“, порача дека сè додека постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик и обратно.

„Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и секогаш е мое задоволство да сум тука со вас“, изјави Заев и порача дека неговата Влада е силно посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик.

„Оваа Влада е искрено посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик. Нашиот јазик е наш идентитет“, порача премиерот Зоран Заев.

„Денес нашиот македонски јазик е признаен од целиот свет, неговата посебност е впишана во личната карта на нашата земја, во големото семејство на народи и земји членки на Обединетите нации“, порача Заев и нагласи дека „јазикот на Блаже Коневски, Анте Поповски, Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Оливера Николова и многу други денес се изучува на 30-тина Универзитети“.

Заев доби благодарница за поддршката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и порача дека сите граѓани треба да бидат чувари на македонскиот јазик, затоа што јазикот сме сите ние.



Спонзорирани линкови

Маркетинг