Капитенот на Кадиз е апсолутен хит во Шпанија: Бензема, каков парфем користиш?

Дерби

20/10/2020

11:21

1.470

Големина на фонт

а а а

Новиот прволигаш Кадиз го искористи лошиот ден на Реал Мадрид и направи историски подвиг во саботата, бидејќи фудбалерите во жолто за првпат од своето постоење победија на едно гостување кај „кралскиот клуб“.

Кадиз одигра неверојатно добро прво полувреме во кое постигна еден гол, дел од играта во кој можеше да постигне најмалку уште два, користејќи го секој празен простор од теренот кој го остави подзаспаниот тим на Зинедин Зидан.

Реал се коригираше во вториот дел и одигра далеку подобро, но сепак тоа не се покажа како доволно да се извлече барем реми, бидејќи фудбалерите на Кадиз со помош на среќа се одбранија од налетите. Најдобрата шанса за израмнување ја имаше Карим Бензема во 80-та минута, но неговиот обид заврши во гредата од голот на гостите.

Три дена по мечот, во фудбалската Шпанија апсолутен хит стана интервјуто кое го даде еден од капитените на Кадиз за „Кадена Сер“, кој на јавноста и откри дека бил запрепастен од тоа колку добро мирисаат ѕвездите на Реал.

Стоперот Рафаел Хименез Фали со насмевка на лицето открива дека го коментирал тоа со своите соиграчи, но дури и го запрашал Карим Бензема каков парфем користи.

– Навистина беше неверојатно. Кога трчаа, се ширеше неверојатна арома на парфем. Во еден момент, го запрашав Бензема: Карим, каков парфем користиш. Не знаете колку добро мирисаа сите играчи на Реал. Откако му го кажав тоа, ме гледаше како да сум најголем глупак. Сите мирисаа добро и го коментиравме тоа со моите соиграчи, – со насмевка открива Фали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг