Денеска на дневен ред во Влада и Собрание – новите мерки против коронавирусот како последен чекор пред воведување полициски час во земјава

Точка

20/10/2020

09:22

4.721

Големина на фонт

а а а

Денеска новите мерки за борбата против опасниот коронавирус треба да се најдат на Владината седница и во Собрание.

Владата ќе расправа за следните мерки:

- Сите економски оператори да работат до 23 часот
- Капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто
- Забрана за јавни настани
- Предлог до целата јавна администрација, општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн, или пак репродуцирано со систем на ротации 

Инаку, ова е пакетот мерки кој што вчера го најави министерот за здравство, Венко Филипче кој воедно кажа дека ова е последниот чекор пред воведувањето на полициски час во државава.

Собранието ќе расправа за претходните мерки кои што веќе беа усвоени на владина седница. За да стапат во сила потребно е да се направат измени во Законот.

Тоа се следните мерки:

- Задолжително носење маски на отворено
- Ограничено групирање по 22 часот надвор, на максимум четири лица
- Ограничување на семејни собири со најмногу до четири гости



Спонзорирани линкови

Маркетинг