Научниците предупредија: „Се уништуваат планините на Алјаска, тоа покренува цунами, но...“

Точка

20/10/2020

09:05

3.036

Големина на фонт

а а а

Новото истражување покажува дека планините на Алјаска полека се уништуваат, што побрзо го топат мразот кој што ги држи, а сето тоа носи закана од огромни цунамија кои што би можеле да однесат многу животи и дополнително да го загрозат екосистемот.

Научниците предупредуваат дека населените подрачја и главните туристички атракции се во голема опасност. Едно од подрачјата кое што најмногу ги загрижува експертите, е фројдот Бери Арм на Алјаска.  

Бери Арм настанал на почетокот на минатиот век, а топењето се забрзало пред десет години, а откриено било преку сателитски фотографии. Доколку мразот се истопи во морето, тоа би можело да создаде бранови кои што ќе достигнат и до сто метри во висина, а тоа во целост би можело да ги поплави туристичките дестинации.

Претходно оваа година 14 геолози предупредија на можно такво сценарио кое што треба да се случи во наредната година.

Експертите сметаат дека поставувањето сензори кои што го наговестуваат пребрзото движење на мразот би бил најдобар начин за решавање на оваа опасност. На овој начин би можел да се евакуира градот и навреме да се евакуираат сите жители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг