Невиден вандализам во Британија: Момче се качило на црква и го скршило крстот

Точка

19/10/2020

19:54

3.152

Големина на фонт

а а а

Во Велика Британија на сквернавење на светите објекти се реагира по кратка постапка.

Имено, на социјалните мрежи почнала да кружи снимка од момче кое крши крст од кровот на една црква. 

Станува збор за баптистичката црква "Чедел Харт" во Ромфорд, град кој административно му припаѓа на Лондон.

На снимката се гледа дивјачки чин на момче кое со клатење на метален крст лево десно се обидува го скрши и да го откорне од кровот на црквата.

"Свесни сме за снимката која циркулира на социјалните мрежи, мажот кој ја направи штетата е уапсен и случајот се истражува", навела полицијата на Ромфорд на Твитер.

И политичарот Најџел Фараж ја споделил снимката од ова скандалозно однесување на Твитер со опис:

"Ние сме христијанска земја и нашата култура е на удар. Нашите бискупи се жалат на Брегзит, а не кажуваат ништо за сквернавењето на лондонската црква", навел тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг