Топ 5 есенски филмови идеални за вас: Овие класици никогаш нема да ни здодеат...

Точка

19/10/2020

16:17

4.386

Големина на фонт

а а а

Чувствата кои што се појавуваат во нас кога дрвјата ќе почнат да ги губат своите лисја, кога се менува целата природа и кога ќе почне еден друг период во нашите животи „ги обзеле“ и едни од најдобрите филмови на сите времиња.

Ова е волшебството на есенските филмови за сечиј вкус:

1. „When Harry met Sally“

Еден од најдобрите филмови на сите времиња со незаменливиот Мег Рајан во главна улога, ве води низ различните годишни времиња, но особено местото ѝ припаѓа на есента. Се сеќавате ли на сцената во која што Хари и Сели шетаат по њујоршкиот Централ Парк, а пред нас е прикажана восхитувачка есенска палета на бои, додека актерите си поигруваат со лисјата?

2. „Good Will Hunting“

Американската драма која што во ѕвездите го вивна Бен Афлек ја следи приказната на младото момче од Бостон, Вил Хантинг, кој што мора да се гледа со својот терапевт, во улогата на Робин Вилијамс за да избегне затворска казна. Од него учи за животот и за самиот себе, а особено се впечатливи сцените помеѓу нив двајца кои што се случуваат на бетонската клупа во парк сред есен.

3. „Legend of The Fall“

Семејството Лидлоу живее во пустелиите на Монтана, а филмот ја следи нивната приказна од почетокот на 20-ти век се до 60-те години. На полковникот Вилијам Ладлоу не му се допаѓа начинот на кој што владата ги третира Индијанците и се сели заедно со своите тројца синови што подалеку од американската војска.

4. „Autumn in New York“

Како што кажува и самиот наслов, овој филм ве води низ еден од највозбудливите градови на светот и тоа во неговото есенско руво. Ричард Гир и Винон Рајдер се доволна причина за гледање на оваа љубовна приказна. Сцените снимени во Централ Парк даваат посебен печат на целиот филм.

5. „Dead Poets Society“

Од почетокот на наставната година во елитното училиште пристигнува професорот Китинг (Робин Вилијамс), па од првите денови на своите ученици им дава до знаење дека нема да ги подучува на класичен начин. Тој од нив бара да размислуваат со своја глава и да се борат за своите ставови, менувајќи така бројни животи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг